Реклама
Шминка

Ново искуство при пазарување со советниците за убавина во dm дрогериите

Стручни совети, одредување на типот на кожа и професионално шминкање

Реклама

Ново искуство при пазарување со советниците за убавина во dm дрогериите: стручни совети, одредување на типот на кожа и професионално шминкање

dm дрогерие маркт за сите љубители на шминката и негата воведува нова услуга – Стручно beauty советување од страна на обучени советници за убавина во dm, професионално шминкање и одредување на типот на вашата кожа.

Професионално шминкање и beauty советување

Како да ја изберам правата нијанса на пудра, како се контурира мојот облик на лице, која боја на руменило најубаво ми стои или како совршено да нанесам ајлајнер? Ако некогаш сте си поставиле некое од овие прашања, советниците за убавина во dm отсега ќе може да ви дадат одговор на истите. Имено, во одредени dm дрогерии од неодамна е достапна услугата советници за убавина кои ви стојат на располагање за вашите beauty прашања, а воедно имате шанса да добиете и купон за бесплатно професионално шминкање.

Маркетинг

Не само што советниците за убавина ќе ви помогнат да го направите правиот избор на производи од богатиот асортиман на dm, тие може и да ве нашминкаат за секоја прилика. Кога е во прашање шминката, можностите се бескрајни, а трендовите се менуваат брзо и динамично. Без разлика дали ви е потребна впечатлива вечерна шминка или нежен секојдневен изглед, dm советниците се тука за вас.

Маркетинг

Како да ја добиете услугата професионално шминкање во dm?

Со купување на шминки и додатоци за шминкање во износ од 1.900 денари во некоја од наведените дрогерии добивате купон со кој може да закажете термин кај советниците за убавина во dm. Едноставно треба да се јавите на телефонските броеви за закажување и да закажете термин. На закажаниот термин со себе треба да го понесете купонот, заедно со фискалната сметка или сметкопотврда. Термините за бесплатно професионално шминкање можете да ги закажете само во овие дрогерии во среда, петок или сабота, најмногу 60 дена од добивање на купонот.

Одредување на типот на вашата кожа

dm советниците за убавина успешно ја завршија обуката во познатата Школа за убавина Арт која нуди професионални обуки за шминка, како и многу други од светот на козметиката и естетиката, а нивните стручни совети со задоволство ќе ги споделат со вас. Бидејќи добриот совет нема цена, особено кога станува збор за негата и убавината, dm се погрижи  советниците за убавина комплетно бесплатно во горенаведените дрогерии да го одредат типот на вашата кожа и да ви направат персонализирана рутина. Оваа услуга е достапна доколку посетите некоја од овие дрогерии, секој вторник и четврток од 16 до 19 часот.

Сигурни сме дека со нетрпение чекате да ги посетите dm дрогериите за да го изберете совршениот makeup look, да се запознаете со богатата понуда на декоративна козметика и да стекнете нови знаења за тоа како да го исполните вашиот козметички несесер со производи кои одговараат на вашето лице.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button