Ќе се фатите за глава, ама Александра Пријовиќ само за овие две парчиња потроши повеќе од пет просечни плати во Македонија
Алекснадра Пријовиќ во Мадрид се запозна со познатата стилистка Ана Антиќ која советува бројни познати холивудски ѕвезди.
Ана која е ќерка на фудбалскиот маг Радомир Антиќ досега ги советувала и бразилската манекенка Адријана Лима и американската актерка Сиена Милер.
Но нејзините совети чинат пари, односно Александра само за краткиот фустан од пролетната лимитирана колекција на „Dior“ мораше да издвои 1500 евра, додека новите високи потпетици со истиот потпис чинат околу 800 евра.
https://www.instagram.com/p/BhWrvXnn9KT/?utm_source=ig_embed
Со неа беше и мајката на Филип Живојиновиќ, Зорица Накиќ. Тие заедно беа на шопинг во Мадрид каде Александра се почести со уште неколку парчиња од продавницата на Кристијан Диор. И ако земеме во предвид дека само за овие две парчиња пејачката кешираше повеќе од 2300 евра, тогаш можеме слободно да кажеме дека Пријковиќ потроши минимум пет просечни македонски плати само во бутикот на познатиот италијански дизајнер.