Новите цени и попусти во еден од поевтините маркети во Македонија – еве што избравме за оваа недела
Неколку прехранбени производи со интересни цени, но и најава за нешто необично, но со супер цена што во овој маркет ќе се продава од следната недела..

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
Време е да разгледаме што има ново во еден од најевтините маркети во нашата земја, но и кои се најдобрите попусти.
И откако го разгледавме нивниот најнов каталог, избравме неколку производи кои ни се видеа како интересни од нивната актуелна понуда. Станува збор за Кипер Маркет и нивниот каталог кој важи од овој четврток, 8. мај, па се до 14. мај (значи цела недела), а во кој велат дека имаат супер неделно намалување.
Но дали тоа е така и дали овие призводи што ги избравме навистина се одлична прилика за заштеда, оставаме на вас сами да одлучите.
Фото: Фрипик
Во секој случај сите оние што сакаат поевтино да купуваат најдобро, ама и најпаметно е да ги искористат неделните акции, нели?
Топ 5 производи за оваа недела
Од новиот каталог на овој маркет покрај тендите за двор, потоа масите, столиците, и многу други производи за вашиот двор, ќе го споменеме и електричниот тротинет што го најавуваат за следниот четврток, 15. мај, кој ќе се продава по супер цена од само 12.999 ден (и ова стои во нивниот каталог), како и други фитнес производи.
Па доколку сакате да го уредите вашиот двор или веќе сте решени да ги завиткате ракавите и да почнете со вежбање пред да дојде летото и времето за одмор, тогаш „скокнете“ и до еден од овие маркети оваа или следната недела, можеби ќе најдете нешто интересно.
Нивниот каталог може да го разгледате на официјалната страница на Кипер на Фејсбук, додека ние го избравме следново:
Сирен намаз – 85 денари
Сирниот намаз од З’брегов од 200 грама – намален за 14 % така што сега се продава за 85 денари наместо 99 денари.
Кроасан со чоколадо на попуст од 10 %
Кроасан со чоколадо од Милка – само 35 денари.
Овошен јогурт
Овошен јогурт со различни вкусови од 150 грама од Зотт – 29 денари
Средство за флеки – 69 денари
Средството за флеки од Сир 750 мл – за универзална употреба, кое во овој маркет се продава по цена од само 69 денари.
Сладолед Сникерс – 179 денари
Сладоледот Akullore Snickers – 6 пакувања за 179 денари.
И за крај повторно ќе го споменеме електричниот тротинет кој од следната недела ќе може да се најде во Кипер маркет, како и велосипед, но и многу други најразлични помагала за фитнес кои можеби досега не сте ги купувале од маркет, но кои тука од следниот четврток ќе ги најдете по супер цени.