Реклама
Шопинг

Новите адидаски кои можат да бидат број 1 патики меѓу познатите трендсетерки

Реклама

Кејт Мос ги обожава овие патики, па зошто не би ги сакале и вие?!

Популарниот модел од „Адидас“ Стен Смит важат за еден од најголемите трендови и се задолжително парче за секоја ИТ дама. Заразата започна откако во нив се појави познатата британска дизајнерка Фиби Фило на ревијата на „Celine“ во Париз во 2010 година, а набргу потоа секоја модна инсајдерка мораше да ги има во своите плакари. 

Маркетинг

Овие патики и официјално беа редизајнирани во 2014, а потоа следуваше вистинска епидемија со овој модел низ улиците на светските модни метрополи, на street style фотографиите на познатите блогерки, на нивните профили на социјалните мрежи, па дури и на улиците и сокаците во градовите низ Македонија.

Маркетинг

Белите патики се ИН – еве ги најубавите модели за оваа сезона!

Но тоа е така со сите лудо популарни парчиња. Тие откако ќе се појават, ќе ве освојат на прв поглед, но набргу ќе ја одиграат својата улога оставајќи ве во неизвесност и потрага по нешто ново, нешто што изгледа шик и кое никој друг не го носи. И тоа важи се додека и тоа не стане тренд и не ги освои најпрво најпознатите ИТ девојки, а потоа и сите останати вљубенички во модата ширум светот. А токму такви, по се изгледа ќе бидат и редизајнираните патики кои се зачинети со препознатливите линии на Адидас.

Женски патики by Бершка, Манго и Асос: Топ 10 модели за пролет-лето 2016

Станува збор за моделот „Gazelle“ кој исто така важи за еден од најголемите класици на овој бренд. Моделот прв пат беше преставен во 1960 година, а денес се враќа во 12 различни нијанси. вклучувајќи го и белиот ѓон кој беше вистински хит во раните 90-ти.

Женски патики од Зара – најубавите модели за пролет 2016

За промоција Адидас побара помош од познатиот уметник Дог Абрахам кој се поигра со фотографијата на Кејт Мос од 1993 година на која што манекенката носи газел-ки. Погледнете го видеото, а потоа побрзајте да си најдете пар од овој модел, бидејќи можат да ви исчезнат пред нос како што беше ситуацијата и со моделот Стен Смит.

{youtube}VOcnEEbv5_8{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button