Реклама
Престиж

Новиот Mercedes GL63 AMG

Реклама

Mercedes го разоткри велот од својот најголем SUV модел до сега, кој што покажува поголема сила и моќ дури и од Mike Tyson!

Маркетинг

Деновиве беше откриен новиот бренд на најверојатно најугледната марка за автомобили во светот, германската гордост, Mercedes – поточно SUV моделот, од вонредната серија, позната под кратенката AMG.

Со моќност од 549 КС, најсвежиот примерок од серијата AMG, GL63 го комплетира портретот за ваков тип на возило од супер тешка категорија, со голема брзина! 

Маркетинг

Како и повеќето AMG модели, и GL63 е опремен со 5.5 литарски bi-turbo V8 мотор, кој ги продуцира споменатите 549 коњски сили и вртежен момент од 561 lb, со кои карактеристики рамно се носи со својот најголем конкурент BMW X5M.

Спореден со сите свои ривали од класава, GL63 има почист фокус кон комфорот . Таканаречената air suspension на возилово, амортизацијата и стабилноста на движењето со специјалниот roll-stabilisation system, константно се адаптираат на условите на патот каде што се наоѓа, промовирајќи највисоко ниво на удобност и стабилност, се разбира, зависно и од способностите на оној кој што го управува. 

alt

Тежината од 2 500 килограми која што воопшто не е за занемарување, кога се зема паралелно со особеностите и можностите за перформанс, не прави никаков проблем за да GL63 оди до стотка за импресивни 4,9 секунди. Крајно достапната брзина му е електронски  лимитирана на 255 km/h. Економичноста на ова екстра луксузно возило исто така не била заборавена додека го конструирале моделов, па така со „помош“ на Controlled Efficiency mode нуди стоп – старт и бргу менување на автоматскиот менувач со седум брзини, кој што се деактивира кога колата ќе налета на сериозен проблем на патот (како на пример удирање во нешто). 

alt

Менувањето од електронско во мануелно менување на брзините, според зборовите на конструкторите нуди „возбудлив акустичен ефект“ при ракувањето и управувањето. А специјално дизајнираниот ’ Bang and Olufsen‘ стерео систем е создаден за да го комплетира и усоврши „Аура ефектот“, додека тркалата од 21 инчи  му го даваат на шоферот посебното чувство на моќ и контрола врз секоја ситуација која може да се појави на отворен пат. 

Новиов 2012 Mercedes-Benz GL63 AMG ќе стане достапен за сите љубители на вакви ѕверови на асфалтот од Ноември годинава, секако доколку се во можност да издвојат ни помалку ни повеќе, 100 000 евра!
  

alt 

alt

Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button