8 спални соби, 11 тоалети, тениско игралиште, базен – ова е новиот дом на Ева Лонгорија
Познатата актерка има нов дом
Очајната домаќинка Ева Лонгорија купи ново големо здание на Беверли Хилс во вредност од 13.5 милиони долари. Таа ја купи новата вила штом го продаде својот имот во „Sunset Strip“ во Лос Анџелес. Новата вила се состои од осум спални соби и дури 11 тоалети. Направена е во 1996 година, но неодамна е потполно реновирана. Во приземјето име две дневни соби, а на првиот кат уште една која е многу поголема. Има високи ѕидови, голема железна врата, големи џамови и под од храстово дрво. Во главната спална соба има бар, како и голем гардеробер и машки и женски тоалет. Надвор покрај градината има голем базен и надворешна кујна со скара и куќичка за собирање на гостите која се наоѓа покрај самиот базен.
Покрај базенот тука е и тениското игралиште но и терасата со прекрасен поглед на кањонот поради кој нема да сакате да си заминете од тука.
Повеќе фотографии погледнете на следната страна >>