Уште поексклузивното BMW M5 е на пат! Новото F10, генерација M5, е опремено со дупол турбо V8 мотор, кој има силина на 552 коња и истото ќе биде пуштено во продажба за само неколку месеци, а од BMW веќе изработија е специјална едиција…
За овој нов модел наречен BMW M5 M Performance Edition најпрво беше пуштено видео на youtube во кое целиот автомобил е прикажан како замрзнат – заради видот на бојата со која е офарбан, позната и како Matt paint job (matt- матна, нејасна). Боите се црвена, бела и сина – кои што претставуваат и главна тема на оваа серија. Во надополнување на нејзиниот стил се вклучени 20 инчни матно црни бандажи од легура и ’пијано црн‘ ентериер.
Перформансите се му слични како и наголемо продадениот BMW M3 Special Editions – 552 КС, V8-цата продолжува да забрзува до 100-ка за 4.3 секунди со топ брзина од 313 km/h. – карактеристики кои би требало да ги задоволат вкусовите и на најпребирливите поклоници на оваа германска марка автомобили.
Она што по малку ’брка во џигерица‘ му е цената која надминува 100 000 бона (околу 30 000 повеќе од регуларниот модел M5), додека М“-ката од истава серија е некои 20 000 поефтина. Што во превод би значело дека на просечниот, солидно ситуиран Македонец ќе му требаат помеѓу 20 и 25 години да го отплати од својата чесно заработена месечна плата! А не треба нити да напоменувам дека ќе се продава во лимитиран број, Затоа, дигитронот во рака, направете пресметки и уште сега си порачајте еден.
{youtube}Rg-t83l0KWE{/youtube}
Врати се на првата страна.