Вести

Новинарката мислеше дека се брачен пар, ама ја оставија без зборови – урнебесно видео

Новинарка запре маж и жена, мислејќи дека се пар, но нивните одговори ја оставија без зборови.

Advertisement

Урнебесна снимка доаѓа од Нови Сад, а насмеа бројни корисници на социјалните мрежи. Имено, новинарка запре маж и жена, мислејќи дека се пар, но нивните одговори ја оставија без зборови.

Најпрво ја праша госпоѓата дали сè уште е вљубена во него, на што таа одговори:
„Да, сум.“

Advertisement

Новинарката понатаму се заинтересира колку години се во брак.
„Не сме во брак“, одговори жената.

Новинарката со насмевка заклучи дека токму затоа се вљубени.
„Ние сме кумови 70 години. Јас му ја крстив сестрата, а сега сум негова старателка“, објасни жената.

Господинот додаде дека е „удрен во глава“.
„Овој господин ме изненадува секој ден“, продолжува жената.

Advertisement

Новинарката го праша мажот што работи, а тој одговори:
„Не работам ништо.“

На социјалните мрежи следеа бројни коментари: „Водителката баш помисли дека сфати, кога – сепак…“,„Толку работи се случија во ова видео што не можам да се соберам“, „Колку сум среќна што го видов ова денес. Го гледам на репит и вриштам од смеа. Како што велат бабите: Бог да ти даде здравје!“ – се само дел од коментарите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button