Вести

Нови правила за безбедност во сообраќајот: Се воведува трајно одземање на возилата и затвор до 3 години

Advertisement

Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа измени на Кривичниот законик со кои се предвидуваат драстично построги казни за најтешките сообраќајни прекршоци. Најголемата новина е воведувањето на трајно и задолжително одземање на возилото за возачите кои се повторници во делата.

Според предлогот, автомобилот ќе биде одземен доколку возачот пречекори брзина за повеќе од 70 км/ч во град или 90 км/ч на отворено, под услов веќе да има претходна пресуда за слично дело. Одземање ќе има и ако возачот немал возачка дозвола, а возилото е негово.

Advertisement

Дополнително, се воведува затворска казна од три месеци до три години за „безобѕирно управување“. Ова вклучува:

Возење со над 1,5 промили алкохол или под дејство на дрога;
Возење во спротивна насока и опасно претекнување;
Учество во нелегални улични трки.

Забраната за управување возило се зголемува и наместо досегашните 5, ќе може да трае и до 10 години.

Во образложението на предлог-законот се наведува дека измените се резултат на сериозните предизвици со кои државата се соочува последните години во делот на сообраќајната безбедност, а како аргумент се наведуваат и компаративни искуства од Словенија и Австрија.

Предлагачите потенцираат дека законските измени се дел од поширок пакет мерки поврзани со проектот „Сејф сити“, чија цел е драстично намалување на тешките сообраќајни прекршоци и зголемување на безбедноста на патиштата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button