Реклама
Модни совети

Нови правила како да носиме тексас во следниве неколку месеци

Реклама

 

Тексасот минува низ ново преуредување сезонава. За да бидете облечени како што треба од глава до петици, постојат илјадници возбудливи и стилски парчиња што ќе ви ја разгорат љубовта кон тексасот.

Маркетинг

Еве неколку најжешки трендови што ВИЕ може да ги носите токму оваа пролет, 2015…

Во случај да не сте подготвени за нападот на тексасот, сметајте се за официјално предупредени. Од модните ревии на Модната недела и од гардеробата на славните личности, тексасот, конечно, се насочува кон вашите омилени елитни продавници и ќе биде доста присутен оваа пролет – во секој облик, во секоја форма.

Маркетинг

Затоа, водете сметка за новите правила сезонава за да ја совладате оваа уметност…

НЕ ПЛАШЕТЕ СЕ ДА ГО ДУПЛИРАТЕ

Ако постои само едно нешто што може да го понесете од пистите на Модната недела, тоа е дека не треба да се ограничите само на едно парче тексас.

MOЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА:
Најдобрите бели фармерки кои ќе ги носите преку цело лето »

НЕ ПРЕСТАНУВАЈТЕ СО СЛОЕВИТЕ

„Двојниот тексас е за мекушите“, како да велите. Но, искористе најмногу од сета оваа нова, креативна тексас горна облека наменета за оние похрабрите.
Клучот? Совладајте ја мајсторијата за носење две парчиња тексас прво, а потоа само одозгора направете слој од најкул јакна што може да ја најдете.

MOЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА:
Кои од овие фармерки треба да ги прогласиме за ИТ модел на годината?  »

ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ВЕЧЕН ТЕКСАСЕН ФУСТАН 

Ајде да се соочиме со ова – тексас правила се менуваат секоја година, но добро квалитетен фустан што ви одговара како ракавица и прави да се чувствувате ем гламурозно, ем кул, никогаш нема да излезе од мода. На пример, погледнете ја Алекса за инспирација.

MOЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА:
Топ 15 кратки тексасни шорцеви од 1290 до 6000 денари »

ПОСАКАЈТЕ ИМ ДОБРЕДОЈДЕ НА КОМБИНЕЗОНИТЕ

Комбинезоните и едноделните парчиња, од глава до петици, но без прерамки, може да ги носите гласно и гордо, во комбинација со патики и фантастични очила за сонце, на пример.

MOЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА:
Моден тренд што го позајмивме од познатите девојки и кој преку ноќ ќе ги освои Македонките »

ОВА ЌЕ БИДЕ ВАШИОТ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ

Кусото, тесно здолниште навистина ќе ви прави друштво оваа пролет. Погледнете ги и другите комбинации кои ви ги предлагаме за следниве неколку месеци!

MOЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА:
Топ 15 тексасни здолништа за пролет/лето 2015 од најпознатите high-street брендови »

Барате нови тексас парчиња што ќе ја издигнат вашата гардероба од зимскиот мрак? Ова е нашиот избор на најдобар тексас за пролет 2015 – види тука

MOЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА:
Топ 25 комбинезони кои се одлична алтернатива за летните фустани »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button