БизнисДијаспора

Нови лоши вести за оние што живеат во Германија – невработеноста расте, даноците се зголемуваат

Економска криза на повидок, животот станува се потежок

Advertisement

И на Германците не им е лесно…

И додека идниот германски канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) преговара со СПД и ЦСУ за и околу коалицискиот договор, ситуацијата и во оваа европска земја станува се понеизвесна кога е економијата во прашање.

Advertisement

Војната во Украина не само што не стивнува, туку изгледа како да се заострува, потоа новата царинска војна на претседателот Доналд Трамп, сето ова само дополнително ја влошуваат економската ситуација, така што повеќе не изненадуваат ни лошите вести дури и кога е во прашање и една од најразвиените европски земји.

Пораст на невработеноста и во Германија?

И како што пишуваат германските медиуми деновиве сојузната агенција за невработеност (БА) очекува значително поголем број на невработени (повеќе за ова тука). Од овие причини во БА веќе отворено се зборува за милијардите дефицит кои единствено би можеле да се надоместат со зголемување на даноците.

Advertisement
Фото: Фрипик

Според информациите што ги објави германскиот „Билд“, а кои се повикуваат на извори од агенцијата, даноците за осигурување во случај на невработеност би можел да се зголеми од сегашни 2.6 % на дури 2.9 % што би било највисоко ниво од 2018 година, објави германскиот портал, а пренесе хрватскиот Феникс магазин.

И доколку ваквиот негативен тренд продолжи, до крајот на годината според БА дефицитот би можел да достигне од 3 до 4 милијарди евра.

Па така наместо очекуваниот суфицит од околу 1.5 милијарди евра, сега се предвидува огромен минус.
Невработеноста расте

Зголемување на бројот на невработени го потврдуваат и најновите податоци – во март имало 2.967.000 невработени, што е за речиси 200.000 повеќе отколку истиот месец минатата година.

Фото: Фрипик

Стапка на невработеност – 6.4 %?

Ова секако се големи предизвици со кои ќе треба да се соочи новата влада и идниот германски канцелар Мерц.

И наместо да го намали бројот на невработени, како што ветуваше во својата политичка кампања, сега се соочува со зголемување на даноците, со што дополнително ќе ги зголеми трошоците и на работодавците и на вработените. Од друга страна здруженијата на работодавците од почетокот на коалициските преговори бараат намалување на социјалните давачки за да ја направат Германија атрактивна земја за инвестиции, но очигледно тоа тешко им оди.

И ова не е единственото зголемување на даноците со кои се соочуваат граѓаните и во најразвиената европска земја.

Па така даноците за здравствено и пензиско осигурување веќе пораснаа и ги оптоварија работниците, а се очекува пораст и во данокот за нега. Тие досега плаќале вкупно повеќе од 40 % од бруто платата за даноци и порези – што е критична граница која била премината само во 90-тите кога Германија исто така се соочуваше со голема невработеност.

Фото: Фрипик

Многу Германци се иселуваат од државата?

Можеби звучи чудно, но во последните неколку години се повеќе Германци, меѓу кои најмногу од помладите генерации, покажуваат високо ниво на интерес да емигрираат во некоја друга земја, а не е мал и бројот на оние што тоа веќе го направиле или се во тек да го направат тоа.

И без разлика дали станува збор за пари, поатрактивни услови за работа или затоа што во овие земји има помали даноци, овој тренд продолжува да расте и кај Германците, иако станува за една од најразвиените европски држави.

Но очигледно и нивните граѓани размислуваат да заминат во странство, како заради подобриот квалитет на живот или замислата да ги поминат пензионерските денови на подобро место, така и заради желбата за патување и соочување сонови предизвици во животот.

Според Сојузниот завод за статистика, само во текот на 2023 година од Германија се иселиле 1.3 милиони луѓе, вклучувајќи ги во оваа бројка и странските државјани. Само во текот на минатата година емигрирале околу 265.000 граѓани со германски пасош, а изненадување е тоа што земјите во кои најчесто одат не се така далеку како што некои би можеле да претпостават.Кои се земјите во кои најчесто емигрираат Германците, но и зошто најчесто го прават тоа, прочитајте тука…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button