Наши ѕвезди

Нови лица во жирито на „Никогаш не е доцна“ – има и Македонка меѓу нив, ќе се израдувате на овие легендарни имиња!

Еве кои влегуваат во шоуто.

Advertisement

Популарното музичко натпреварување „Никогаш не е доцна“ (Никад није касно) влегува во нов циклус со освежен состав на жири-комисијата.

принтскрин инстаграм

Познатиот композитор Саша Милошевиќ Маре и понатаму останува постојан член на жирито, а секоја недела ќе му се придружуваат двајца нови гости–стручњаци од музичката и медиумската сцена.

Advertisement

Овојпат, во шоуто ќе влезат водителката Сузана Манчиќ и пејачот Џенан Лончаревиќ, кои ќе имаат задача да ги оценуваат настапите и да уживаат во музиката и животните приказни на ветераните што се пријавуваат во ова уникатно натпреварување.

На една од фотографиите објавени од Гранд продукција ја видовме и нашата музичка ѕвезда Калиопи, но не е појаснето дали таа ќе биде во слична улога како Сузана Манчиќ или пак, ќе ја видиме како дел од жирито.

принтскрин инстаграм

Многумина ги збуни и најавата дека Жика нема да го видиме во „кралската столица“, па се наметна прашањето дали се повлекува и кој ќе биде на негово место.

принтскрин инстаграм

Според продукцијата, снимањата во студиото повторно донесоа и емотивни моменти. Водителката Драгана Катиќ откри дека едвај ги задржала солзите кога на сцената го видела својот долгогодишен колега Жика Јакшиќ. Тој извесен период беше отсутен од снимањата поради здравствени причини, но по закрепнувањето се врати како дел од новата сезона, на радост на целата екипа.

„Кога ја завршувавме претходната сезона реков дека чувствував голема празнина на сцената. Но работевме одлично, сите заедно, и тоа беше можно затоа што имавме таков учител и креатор на оваа емисија“, изјави Катиќ, не криејќи ја својата емотивност.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button