Новости

Нови информации за здравствената состојба на Халид Бешлиќ- се огласи менаџерот и откри детали

„Не би шпекулирал дали проблемот се проширил понатаму. За нас е најважно што докторите го контролираат и го смируваат тој дел, за црниот дроб да продолжи да работи нормално“, додаде менаџерот.

Advertisement

Последните неколку недели во јавноста кружат бројни шпекулации и загриженост околу здравјето на легендарниот пејач Халид Бешлиќ.

Веќе речиси еден месец тој се наоѓа во Клиничкиот центар во Сараево, каде што е хоспитализиран поради здравствени проблеми поврзани со црниот дроб, а наскоро ќе оди на домашно лекување иако ќе продолжи со терапијата.

Advertisement

Веста дека пејачот се соочува со сериозни здравствени тешкотии ги вознемири неговите обожаватели ширум регионот, а многумина секојдневно очекуваат нови информации за неговата состојба.

Според изјавата на неговиот менаџер, Дамир Рамљак, која ја пренесуваат регионалните медиуми, состојбата на Халид е стабилизирана и се бележат позитивни промени.

„Оди на подобро. Тој има многу надеж, а ја имаме и ние. Докторите планираат да го пуштат дома за кратко време, за да се одмори од болничката средина. Добро реагираше на терапијата што ја добива во последниот период, па постои можност наскоро да биде пуштен од болница. Понатаму ќе зависи од препораките на медицинскиот тим“, изјави Рамљак за босанските медиуми.

Advertisement

Тој дополнително појасни дека примарната дијагноза е поврзана со црниот дроб, а лекарите засега се насочени кон стабилизирање на неговото функционирање.

„Не би шпекулирал дали проблемот се проширил понатаму. За нас е најважно што докторите го контролираат и го смируваат тој дел, за црниот дроб да продолжи да работи нормално“, додаде менаџерот.

И покрај здравствените предизвици, музичката кариера на Бешлиќ не запира. Завчера беше објавена новата негова песна во соработка со „Милиграм“, која ја посвети на својата сопруга, насловена Сејда. Нумерата е снимена уште пред половина година, а самиот пејач изразил желба да продолжи со работата на новиот албум, веднаш штом здравствената состојба ќе му го дозволи тоа.

Новата песна го расплака целиот регион, а во неа тој ги покажа сите емоции и неверојатниот глас.

Халид Бешлиќ, кој е еден од најголемите балкански интерпретатори и омилено име на повеќе генерации, веќе има зад себе богата музичка кариера, но и долгогодишни битки со здравствени проблеми и животни искушенија.

Неговата сила и позитивен дух уште еднаш излегуваат во прв план, а поддршката што ја добива од своите обожаватели, пријатели и семејство, несомнено претставува значајна поткрепа во овој период.

Јавноста со внимание ќе продолжи да ја следи неговата состојба, со надеж дека легендарниот пејач наскоро ќе се врати дома и ќе продолжи да ја радува публиката со својата музика.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button