Нови информации за Снежана и Александар кои исчезнаа МИСТЕРИОЗНО со своите две ќерки во Грција
Семејството што исчезна на патот кон Грција е живо и здраво, и им се заблагодаруваат на сите што помогнале
Родителите не можаа да стапат со нив во контакт од неделата, од кога нивните мобилни телефони беа исклучени цело време.
Мистериозниот случај со Александар Јоксимовиќ и Снежана Стаменковиќ од српскиот град Јагодина кои исчезнаа во Грција откако во неделата вечерта со своите две ќерки тргнале кон грчкиот остров Тасос вчера доби бизарен заплет – некои српски медиуми објавија дека семејството од Јагодина е добро, „само што не се знае каде се“ и дека најверојатно „не стигнале да се јават на семејството“.
Но набргу откако се појавија овие информации, на Фејсбук страницата „Live from Greece“ беа објавени нови информации „за да не дојде до претпоставки во врска со исчезнатото семејство“.
Еве некои од нив:
„Останува да се надеваме дека се добро и дека некаде се сместиле во текот на вчерашниот ден, но немале интернет за да се јават“.
„Информацијата дека веќе се јавиле и дека се добро, не е точна, иако сите веруваме дека тоа би можело да се случи во текот на утрешниот ден“, пишува во објавата на оваа Фејсбук страница, а се мисли на денешниот ден, што на крај и се случи.
Имено, Александар и Снежна на одмор тргнале со своите две ќерки во неделата, на 6 август, во вечерните часови. Александар носел сива маица и црни фармерки, а неговата сопруга зелена маица и фустан.
Тие се со „Опел корса“ во црна боја, со регистрација ЈА-013-ПЗ
Според објавата на сестрата на исчезнатиот Александра, семејството тргнало на Тасос каде планирале да најдат сместување.
Српски медиуми пишуваат дека се верува дека ги минале и двете граници, Србија -Македонија и Македонија – Грција.
Според објавата не сестрата на исчезнатиот Александар, во Македонија влегле најверојатно некаде по 22 часот на 6 август, додека во Грција по неколку часа, односно на 7 август околу 00.30 часот.
Како што наведе сестрата на исчезнатиот Александар, последниот повик до најблиските бил во 22.30 часот во неделата, кога биле кај Прешево, во непосредна близина на границата со Македонија.
Оттогаш, родителите се обидувале да стапат во контакт со нив, но нивните телефони не биле достапни.
„Ги молиме да се вклучат и туристичките агенции и да проверат во своите бази дали имаат патници со овие имиња. На тој начин ќе го дознаеме името на хотелот во кој се сместен, ќе ги контактираме сопствениците и така ќе дознаеме дали пристигнале. Ние веруваме дека само не стигнале да се јават“, пишуваше во групата во која беше објавен апелот за изгубеното семејство. Во овој апел меѓу другото се замолува и туристите, кои ги прочитале овие информации, а во моментов се на летување во Грција, и имаа било каква информација за Александар и Снежана, да се јават во полиција.
Најнова информација – семејството е пронајдено
По бројните апели што беа објавени во медиумите и на социјалните мрежи, семејството конечно се јавило дома.
Се јавила нивната ќерка и соопштила дека немале интернет, а се јавиле и во полицијата во Грција.