Реклама
ТрендовиШопинг

Овие фармерки ќе бидат голем хит во периодот што следува

Реклама

Според модната библија Вог опуштените фармерки со полна должина на ногавиците, со рамен или нешто поширок крој, какви во 70-тите носеше актерката Џејн Биркин и во 90-тите Кејт Мос се враќаат на голема врата.

Ова тврдење популарниот американски Вог го поткрепува со актуелната понуда на фармерките со дизајнерски потпис каде токму ваквиот модел е еден од најпопуларните, а модната библија тоа им го припишува поради нивната удобност, тоа што ги покриваат зглобовите, можат да се носат со сандали и изгледаат многу поелегантно од моделите кои се со непорабени ногавици.

Маркетинг

 

Маркетинг

Свесни за популарноста на таканаречените „фармерки за мајки“ кои веќе неколку сезони се меѓу најбараните модели, а се карактеризираат со висок струк и најчесто се изработени од покрут материјал, според уредничките на највлијателниот моден магазин во следните неколку месеци на пиедесталот ќе дојдат моделите со поопуштен крој меѓу кои предност ќе имаат оние кои се направени од растегливи материјали, со стандардна висина во пределот на струкот.

Покрај моделите со дизајнерски потпис, ваквите фармерки со ретро дух веќе можат да се забележат и на полиците на познатите „хај-стрит“ брендови како што се британскиот Топшоп или шпанските Манго, Бершка и Зара.

Topshop

3X1 N.Y.C.

Zara

Повеќе модели од овие тренди фармерки погледнете во галеријата на почетокот од текстот >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button