Нови детали околу скандалот со Темелков и Виолета од „Ѕвездите на Гранд“ – му бараат 200.000 евра?!
На пејачот од Македонија му бараат 200.000 евра оштета доколку не и се извини на Вики Миљковиќ

Голем скандал пред финалето на „Ѕвездите на Гранд“
Како бомба одекна веста дека на поранешниот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија му било барано мито.
Станува збор за Александар Темелков кој ја обвини Вики Миљковиќ дека му барала 20.000 евра додека се натпреварувал во шоуто. Овие обвинувања тој ги изнесе во емисијата на Давид Давидовски, по што се огласи и популарната пејачка, но и нејзиниот адвокат.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И како што напиша Вики во соопштението што го објави на Инстаграм, овие изјави на пејачот од Македонија длабоко го навредиле нејзиниот професионален интегритет, но и сето она што со години го градела, па затоа решила правдата да ја побара на суд.
Имено, како што пишува во нејзиното соопштение, но и во опомената пред тужба, познатата пејачка бара да се повлечат изречените невистини и јавно извинување од Темелков во рок од 24 часа, во спротивно ќе иницира судска постапка и ќе бара од него 200.000 евра оштета.
Инстаграм
Значи не 20.000 евра како што тврди Темелков дека му ги побарала во шоуто, туку 200.000 евра доколку не и се изини…
По објавувањето на ова соопштение од страна на Вики, и продукцијата на Гранд веднаш застана зад истото (види тука).
И тие побараа јавно извинување или во спротивно ќе застанат целосно зад Вики и зад сите чекори што таа ќе ги преземе.
Инстаграм
Кратко време по овие соопштенија се огласи и самиот Давид Давидовски, кој откри дека спорниот дел е избришан од подкастот.
Тој сподели и видео во кое за Вики Миљковиќ зборуваше сé најубаво и изјави дека е една од неговите омилени пејачки.
„Вики Миљковиќ го одбележи моето детство со нејзините најголеми хитови. Јас многу си ја сакам и поддржувам, наскоро ќе биде и таа гостинка во мојата емисија „Давид на прва“. Вики е и најпрекрасниот човек што јас сум го запознал во мојот живот, таа навистина е најдобриот човек што гази на планетава земја“, изјави Давид во ова свое обраќање.
Инстаграм
„Но морам да кажам и дека јас, како дипломиран новинар, морам да го слушнам секој мој гостин, односно соговорник, но да бидам објективен и да не носам јас мој суд личен, да немам јас право на теза своја. Фала ви на сите, сé е средено, избришано е тоа што треба да биде избришано, да сте ми живи и здрави“, вели Давид во своето видео на Инстаграм.
Тој се огласи и со соопштение, напишано и на српски и македонски, а кое може да го прочитате во продолжение: