Новата снаа на Брена „грми“ во овој костим за капење – и свекрвата ужива со неа и си ја лекува ногата
Нејзиното тело за 10-ка, а во рацете книга...
Пејачката ужива на егзотичната дестинација
Семејството Живојиновиќ отпатува на Тајланд каде познатата фолк-пејачка Лепа Брена закрепнува од преломот на ногата.
Имено, на Брена неодамна на концертот во Загреб и се случи несреќа кога падна на сцената и ја повреди својата нога.
Таа сега заедно со својот сопруг Бобан, нејзината пријателка Кате, синот Виктор и неговата девојка замина на одмор во Тајланд.
Принтскрин/ Инстаграм
Но овој пат вниманието на медиумите го украде токму новата девојка на Виктор, Софија Спасојевиќ, која е вистинска убавица.
Принтскрин/ Инстаграм
Таа на својот Инстаграм сподели неколку жешки снимки од ова патување, на кои во центарот на вниманието е нејзиното тело.
Принтскрин/ Инстаграм
Инаку, Софија е водителка на Блиц ТВ и инфлуенсерка, но и повеќекратен државен првак во пливање.
Но заради сериозна повреда таа морала да е откаже од спортот, па му се посвети на манекенството и социјалните мрежи.
Принтскрин/ Инстаграм
Таа е и водителка, а во една пригода откри дека е дете на разведени родители и дека е поврзана со својата баба која живее на село.
Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, Брена пред неколку недели на концертот во Загреб го скрши зглобот на новата и мораше да биде оперирана.
Принтскрин/ Инстаграм
Брена во шок по несреќата
„Од шокот не можев да заспијам, само кога ми дадоа нешто да се напијам за да се смирам, успеав да ги затворам очите неколку часа. Следниот ден го поминав враќањето на филмот како што ми се случи мене. Секако дека плачев, бев многу тажна, но сфатив дека, како и сè тешко што ми се случило во животот, така и на тоа ќе му дојде крајот. Сфатив дека ќе станам и ќе одам и дека се ќе биде во ред. Што плачев, плачев. Но и денес не можам да го гледам тоа видео бидејќи ме расплакува“, изјави Брена неодамна за „Стори“.