Во новата реклама на секогаш вториот најдобар или барем најпознат безалкохолен пијалак на светот, Pepsi, се појавуваат Sir Elton John и победничката на X Factor USA, Mellanie Amaro…
Насловот на рекламата е „Кралски терен“ и е инспирирана и направена за финалето на американскиот фудбал (знаете веќе за каква патолошка игра станува збор, сме пишувале..), попознато и како Super Bowl. Во видеото има доста ликови, но главните ролји се доделени на 19 годишната тазе пејачка која што има мини настап со нова верзија на темата “Respect”, пред ’кралот‘ Elton, кој што на крајот е изгонет во зандани, каде што го среќава, односно добредојде му посакува – ни помалку ни повеќе – туку Flavor Flav од Public Enemy (what da fuck!?!?). Што бара ваков вистински цар, во ваква ретардирана реклама, со толку силен геј шмек (и ова не е предрасуда само поради Elton John, ќе видите и самите..), нам навистина не ни е јасно. Единствено објаснување е дека после толку години на шпекулирање, најверојатно Коката навистина му го ’испржила‘ умот…
Од друга страна Sir Elton си кажа јасно и гласно: „ Pepsi сакаа да ме направат ’Крал за еден ден‘ за Super Bowl-от во недела. Како можев да одбијам такво нешто?“
А Mellanie Amaro на тоа додаде нешто во нејзин стил, што е само за очекување: „ Никогаш, ни во најлудите соништа не можев да си замислам дека ќе се најдам во познатите реклами на Pepsi, Super Bowl-от, и на тој начин да ги следам чекорите на славните претходници од сиве овие изминати години. Победата во X Factor навистина ми го промени животот“.
А сега можете и самите да видите за што станува збор….
{youtube}0Z03uWhfG3s{/youtube}
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.