Новата песна на нашинецот во Австрија Џими Роџерс ни ги стопли душите – слушнете ја „Како ти, како јас“
Досега претстави две песни, „Како во приказна“ и „Под ѕвездите“ кои наидоа на топло прифаќање од македонската публика, а сега имаме можност да ја слушнеме и третата песна „Како ти, како јас“.

Џими Роџерс, нашинец во Австрија, создава песни на македонски јазик, а моментно се подготвува неговиот нов албум.
Досега претстави две песни, „Како во приказна“ и „Под ѕвездите“ кои наидоа на топло прифаќање од македонската публика, а сега имаме можност да ја слушнеме и третата песна „Како ти, како јас“. На песната, зад која се потпишува како автор (музика и текст) самиот Џими Роџерс, работеше интернационален тим музичари, а пропратен вокал е Андријана Јаневска.

„Овој есенски период, 2025, е за мене многу креативен, сконцентриран сум со работа на новиот македонски албум. Паралелно имам и други свои перманентни обврски со мојата работа овде, но многу ми е ок сѐ тоа, успевам да се координирам“, ни рече Владо Поповски, попознат како Џими Роџерс, во интервјуто за гламур.мк – целото интервју може да го прочитате – ТУКА.
Неодамна, тој имаше промоција на новите песни во Скопје и во Битола, а на прашањето што би сакал македонската публика да понесе со себе по промоциите, ни одговори:
„Да оставам убави ноти, текст, музика позади себе и на македонски јазик. Се има тука во тоа, емоција, мелодика, носталгија и блуз, желба тој мој народ да слуша дека има и ваков некој осврт на музиката како Македонец, Австриец, интернационалец, кој ја носи во себе и својата Македонија, но истовремено и посакува таа Македонија да ја слушнат и наоколу, надалеку, насекаде…под ѕвездиве, како што пеам во својата песна. Тоа ми е желбата и мојата порака“.
Во продолжение, слушнете ја новата песна „Како ти, како јас“ на Џими Роџерс.



