Ја победи и преубавата Бергузар Корел – која е новата љубов на Сулејман Величенствениот?
Дали сте подготвени за изненадување? Турските медиуми конечно открија која е новата љубов на Сулејман Величенствениот и тоа не е Бергузар!
Како што пренесуваат турските медиуми, конечно се знае кој ќе му биде партнерка на турскиот актер Халит Ергенч во новата серија „1918 Измир“ со која по цели две години повторно се враќа на малите екрани. Иако многумина очекуваа дека тоа ќе биде неговата сопруга Бергузар Корел, продуцентите одлучија улогата да и ја доделат на една сосема друга актерка. Станува збор за 38 годишната Џанан Ергудер која во хит серијата „1001 ноќ“ ја играше Еда, пореметената девојка која сакаше да и нашкоди на Шехерзад.
Џанан собра големи пофалби во улогата на доминантна жена, модната креаторка Гулфем во серијата „Војна на ружите“ која со снимање заврши во февруати оваа година, а во која партнер и беше Баршиш Килич.
Инаку, Халит и Џанан имаат уште нешто заедничко. Тие и двајцата на сетот на „1001 ноќ“ се вљубија – Халит во Бергузар, а Џанан во Тарду Флордун. И додека љубовта на Халит со Бергузар се уште цвета, Џанан и Тарди се разделија по пет години.