Креативниот директор на бјути одделот на Диор, Питер Филипс кој воедно е и мејкап артист лансираше нова колекција модни производи.
Колекцијата доминираат две палети на бои испреплетени со златен цик-цак дезен – палетата „Eternal Gold“ се состои од бисерно бела боја околу која се распоредени црната, розовата, зелената и праска боја. Втората палета пак – „Blazing Gold“ ги содржи неутралните нијанси, додека новите кармини доаѓаат во неодоливи нијанси од неутралните месо бои, па се до класините црвени тонови.
Што се однесува до новите лакови за нокти (ах, погледнете ги само тие шишенца!) доминираат неодоливите црвени и боја на бургундец, потоа пастелно розовата и златно-сивите нијанси со светки.
Како изгледа божиќната колекција на Диор, погледнете во галеријата!
види повеќе » |