Коса

Новата фризура потполно и го промени изгледот на водителката – изгледа минимум 10 години помладо

И банкарот воодушевен од ова издание...

Advertisement

Прекрасна дама!

Елегантна и секогаш стокмена и женствена, Лила Филиповска, направи мала, но неодолива промена во изгледот.

Advertisement

Водителката реши да ја освежи фризурата, па овој пат додаде малку „бранови“ кои потполно го освежија нејзиниот изглед.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Новата фризура и стои одлично, што може да се заклучи и по коментарите, а од изгледот е презадоволна и самата Лила.

Не се сомневаме дека многу дами би посакале да го позајмат овој нејзин изглед, а како изгледаше и кога се појави пред банкарот, на снимањето на една од нејзините последни емисии, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Лила Филиповска

Токму овие неодоливи локни и мали бјути моменти потврдуваат дека токму деталите се тие што ја прават разликата.

Во прашање не е ништо што бара радикална промена, но со која водителката зрачи и изгледа минимум десетина години помладо.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Оваа фризура е идеална за вечерни изданија, посебни пригоди, венчавки и прослави, за беспрекорен финиш на вашето издание.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Во продолжение погледнете уште едно шик издание на водителката на „Се или нешто“ која важи за една од најелегантните дами и која со децении ја гледаме на нашите мали екрани, секогаш изненадувајќи ја публиката со своите репрезентативни и интересни модни приказни.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Инстаграм/ Лила Филиповска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button