Нова забавна емисија со вашите ОМИЛЕНИ ЅВЕЗДИ од Македонија – ќе пиеме кафе и ќе си муабетиме
Време е за „Кафе муабети“
Големо изненадување за нашите читатели
Гламур, како најчитаниот портал за познатите во Македонија, подготвува ново изненадување за своите верни читатели.
Наскоро на нашиот Јутуб канал ќе започнеме со емитување на емисија во која ќе се најдат интересни гости од јавниот живот.
Емисијата ќе се снима во познати локали низ Македонија, во опуштена атмосфера, без рефлектори и без филтри.
На овој начин сакаме да откриеме детали од животот на нашите познати личности и ќе се потрудиме да бидат опфатени сите оние кои што имаат кредибилитет и се почитувани на нашата сцена.
Исто така, ќе им дадеме шанса и на младите таленти и уметници, па така и ќе ја започнеме емисијата, искрено надевајќи се дека задно со вас и вашите предлози за личности што треба да ги поканиме, ќе направиме емисија во која што сите радо доаѓаат, но и која ќе има забавна и интересна содржина за сите генерации.
На кафе муабет со гости од естрадната сцена
Ќе се обидеме во емисијата да ги поканиме сите оние наши ѕвезди кои зрачат со енергија и шират љубов, но и да откриваме нови детали и ексклузивни информации, а во исто време и да се забавуваме.
Наша цел е да ги изнесеме на виделина најинтересните приказни од животот на вашите омилени јавни личности, но и да ви откриеме сé што сте сакале да знаете за нашите гости.
Истовремено ќе се обидеме да ви претставиме и не толку познати личности од Македонија за кои сметаме дека заслужуваат поголемо внимание, така што преку искрени разговори и објави што потоа ќе произлезат од нив, ќе се обидеме да внесеме новини и да ја освежиме нашата поприлично изморена јавна сцена.
Наша сцена, наши ѕвезди
И што е најважно, да ја кренеме сцената и да ги претставиме нашите вистински ѕвезди на начин на кој тие го заслужуваат.
Наши места
Емисијата ќе се снима во познати локали како во Скопје, така и во сите останати градови во Македонија, така што, ги очекуваме и вашите предлози и идеи во коментарите и за некои убави места што вредат да се посетат и во кои со мерак пиете кафенце. Имено, вашите предлози отсекогаш ни биле многу важни, па ајде заедно да обидеме да му дадеме посебен печат на овој наш заеднички проект.
Велиме заеднички затоа што со гостите ќе снимаме на сите оние места на кои што и вам ви се омилени и каде можеби во истото време и вие поминувате квалитетно време со вашите сакани, пријатели или семејството.
Ќе снимаме во опуштена атмосфера, без рефлектори и без филтри, со кафенце и максимално расположени за добар муабет.
Па, НЕ заборавајте да лајкувате, коментирате и да се претплатите на нашиот канал како би биле во тек со најновите епизоди.
Првата епизода ќе се емитува вечерва, во 20.00 часот на нашиот канал на Јутуб, Гламур ТВ. Прва гостинка ќе ни биде една наша многу интересна и драга водителка, но која во исто време е и една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи. Нејзините фотографии не можат да поминат незабележано, па решивме да ја поканиме на кафенце и да си помуабетиме со неа во едно кул скопско кафуле.
Па, бидете на штрек, вечерва започнуваме. И секако, не заборавајте во коментарите да се вклучете и да ни кажете на кое место, според вас, го прават највкусното кафе во Македонија, но и која НАША ЅВЕЗДА би сакале да ја видите во некоја од следните епизоди.
Кликнете тука и станете дел од нашата заедница на Јутуб ►►