Реклама
Наши ѕвезди

Лазаров скршен од болка – нова трагедија, овој пат во семејството: Кога ќе тргне на лошо тргнато е!

Изгледа во животот кога ќе тргне на лошо тргнато е

Реклама

Јутјуберот Стефан Лазаров доживеа семејна трагедија. На својот фејсбук профил објави дека починал неговиот вујко.

„Изгледа во животот кога ќе тргне на лошо тргнато е. Ова утро ме разбуди информација дека вујко ми Никола Славковски починал од срцев удар. Почивај во мир вујче“, напиша Лазаров скршен од болка од сите она што му се случуваше изминативе денови.

Тој потоа сподели уште една фотографија на која е со вујко му со кого очигледно беше мошне близок..

Маркетинг

Со Зоки се збогуваше и преку Јутјуб

Синоќа Стефан Лазаров, се огласи на својот канал и со солзи зборуваше за неговото пријателство со Зоки со кој заедно го започнаа поткастот „Без лимит“

Маркетинг

Стефан до детали раскажа за сето она што го знаеше во врска со болеста од која почина Зоки, истакнувајќи дека уште пред некое време од докторите им било соопштено дека му останало уште многу малку време.

Тој потоа видеото го сподели на своите профили, а воедно и им се заблагодари на сите што биле тука и со него цело бреме и помогнале во моментите кога на неговиот пријател му било најтешко.

„Фала ви за сé. Зоки ќе живее низ моите проекти и секогаш ќе се сеќаваме на него. Животот продолжува…,“ напиша тој.

Целото видео погледнете го во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button