Нова шок замена во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ – Ја нема Бекута, а веднаш ѝ се најде замена
Еве кој седна на столчето во жири-комисијата на местото на Бекута.

На денешното снимање на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ во студиото во Кошутњак во Белград, не се појави долгогодишната членка на жирито, пејачката Ана Бекута.
Но организаторите веднаш се снајдоа, и на нејзиното место седна нејзината помлада колешка Сања Вучиќ.

„Првпат оваа сезона. Ми недостигаше ова, а посебно паузите бидејќи секогаш има одлична храна. Ја менувам Ана Бекута“, изјави Сања за српските медиуми, со широка насмевка на лицето.
Ова е веќе трето снимање на новата сезона на популарното музичко натрпеварување Ѕвездите на Гранд кое го следи целиот регион, а секако, популарно е и во Македонија.
Промени во составот на жирито
Оваа сезона жирито претрпе неколку промени. Вики Миљковиќ и Драган Стојковиќ Босанац се префрлија во конкурентната емисија на друга телевизија, „Пинкови ѕвезди“, приклучувајќи им се на Јелена Карлеуша, Десингерица и Зорица Брунцлик. Овие ѕвезди сега оценуваат млади таленти.
На нивно место пак, во „Ѕвездите на Гранд“ дојдоа Дара Бубамара и Драган Којиќ – Кеба.

Бекута за новата сезона
Пред стартот на новата сезона, Ана Бекута зборуваше за промените во жирито:
„Како и секоја година, верувам дека ќе пронајдеме нова ѕвезда на Гранд која ќе направи добра кариера. Секогаш пристапувам со иста желба и иста мисла“, рече пејачката.
За односот со Дарa Бубамара пак, Бекута додаде: „Мислам дека ќе се сложуваме феноменално. Дара е енергична, духовита, шармантна. Верувам дека ќе се разбереме“.
На прашањето за заминувањето на дел од колегите од жирито, Бекута рече:
„Тие што си отидоа нема да ги коментирам, што тука има да се каже? Конкуренцијата е здрава, убаво е што конечно имаме конкуренција. А и вистина е, се гледавме едни со други 10 години, можеби е добро да се оддалечиме малку за да се посакаме пак“.




