Познатиот фолк-пејач откри како живее во Швајцарија, но и што се случува со неговата музичка кариера.
Вечерва, во 21.00 часот, гледајте ја премиерата на новата епизода од „Кафе Муабети“, овој пат гостин ќе ни биде Зоран Ванев.
Во емисијата може да ги слушнете животните исповеди на нашите познати личности, а по гостувањето на естрадните уметници Стојне Николова, Дамјан Стојаноски, Борче Наумовски и Тијана Периќ, како и водителките Цеце Николова и Викторија Петровска, вечерва гостин во емисијата ќе биде познатиот македонски фолк-пејач Зоран Ванев.

Инстаграм/ Зорн Ванев
Ванев во емисијата зборува за својот живот во Швајцарија, но и како ја запознал сопругата со која денес живее таму.
Пејачот отворено зборуваше и за својата примарна професија што ја има во оваа земја откако заврши факултет за Природна медицина и стана доктор.
Позборувавме и за неговите почетоци како пејач, времето кога на „Цветници“ ја испеа песната Ангелина.
Ванев ни откри и зошто во еден момент одлучи да се повлече од музиката и да замине од Македонија, и тоа кога беше на врвот од својата кариера, познат и баран и надвор од нашата земја.
Премиерата на емисијата „Кафе муабети“ погледнете ја вечерва, во 21.00 часот, тука или на јутуб каналот на Гламур.
Кликнете тука и станете дел од нашата заедница ►►




