Нова фризура која ќе биде водечки тренд оваа есен
Нова омбре фризура која ќе ве освои на прв поглед!
Омбре фризурите повторно се во мода, но овој пат во потполно неочекувано издание. И ако досега бевме навикнати да го гледаме во разни нијанси на кафеава и руса боја, оваа есен популарната техника се враќа во потполно ново руво. Сивата коса беше еден од водечките трендови во претходните неколку сезони, а оваа есен ни пристигна сивиот омбре за кој мораме да признаеме дека изгледа фантастично!
Па, доколку сакате да изгледате „edgy“ и кул и да бидете во чекор со трендовиte, изберете нов изглед со сиви нијанси и храбро зачекорете во новата есенска сезона. Овие нијанси завладееја и со Инстаграм, па можеби сега е вистинскиот момент да ги воодушевите пријателите со фотографија која што ќе ја споделите со хаштагот #greyombre.