Коса

Нова есенска нијанса на „балајаж“ нијансирање на косата која станува хит во светот

Advertisement

„Champagne bronde“ – нова боја која е хит во светот

Advertisement

Зад оваа интересна приказна стои Кетлин Џаде, позната австралиска фризерка од салонот „Hair and Harlow“  која на своите клиенти одлучи да им понуди боја која ги спојува летните и есенските нијанси. На почетокот на пролетната сезона 2017 голем хит беше „бронде“, односно нијансата која им дава топлина на русокосите, а на бринетите им нуди посветли нијанси. Самиот збор „бронде“ е комбинација од англиските „blonde“ и „brown“, притоа алудирајќи дека оваа нијанса го спојува најубавото од кафеавата и русата коса. Кетлин за „Allure“ објаснува дека „champagne bronde“ е инспириран од трендот „бронде“, но нејзината нијанса е посветла.

На прв поглед „champagne bronde “ нијансата изгледа едноставно, но самата техника е мошне комплексна бидејќи се нанесуваат разли;ни нијанси. Посебноста лежи во играта на посветлите со потемните нијанси кои се резервирани за долниот слој на косата. На коренот се нанесува мешавина од махагони, „beige“ и црвена боја, а на крај се додава комбинација од златна, песочна и платинеста на самиот врв на косата.

Advertisement

Па, ако оваа есен сакате и вие да ја пробате „champagne bronde“ најдобро е на вашиот фризер да му ги покажете фотографиите.

Извор: Elle.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button