Шопинг
Неодолива колекција на популарните костими за капење
Advertisement
Познатата британска трендсетерка Попи Делевињ повторно дизајнираше линија костими за капење за брендот „Solid & Striped“.
Advertisement
Основната палета бои за оваа сезона се бела и сина, а во понудата доминираат едноделните модели кои оваа сезона ќе бидат вистински хит. Од друга страна пак, нам омилен модел ни е дводелниот бел модел со темни лајсни кој е совршен избор за монденските летувалишта, а можете да го носите и како топ во комбинација со кошула и шорц или фармерки за попладневна или вечерна прошетка.
Покрај овој модел, љубителките на класиката дефинитивно ќе бидат освоени од преубавите едноделни модели, меѓу кои се издвојуваат моделите во две бои. Колекцијата можете да ја пронајдете на нивната службена онлајн продавница тука.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement