Бои на лакови што ќе бидат модерни оваа пролет според новата колекција на Кристијан Лобутин
Погледнете ја лимитираната пролетна колекција на лакови за нокти со потписот на Кристијан Лобутин инспирирана од рајските Хаваи.
Најновата пролетна колекција на Кристијан Лобутин вклучува чанти, како и машки и женски модели на чевли. Но она што ни привлече најмногу внимание се прекрасните нијанси на лакови за нокти. Станува збор за два сета со по три лакови кои ни доаѓаат во бои кои се како создадени за топлите денови кои со нетрпение ги очекуваме. Лаковите се спакувано во цветни кутиички, а сетот на дизајнерот кој е познат по неговите црвени високи потпетици може да ни преставува и одличен водич за она што не очекува следната сезона.
Па, која ќе биде вашата омилена нијанса за следната пролет?
Топ 10 бои на лакови за нокти кои ќе ги носиме оваа пролет »