Оваа фризура го освои Холивуд, а очекуваме да стане хит и во Македонија
И ние не можеме да и одолееме да оваа фризура
Војвотката од Кембриџ овие денови претстави нова фризура која во моментов важи за една од најпопуларните меѓу славните дами, а богами и ние не можеме да и одолееме. Станува збор за лажна боб фризура која има за цел да изгледате како да сте ја скратиле косата, иако само добро сте ја сокриле. Овој трик е одличен ако сакате да поверите како ви стои кратка коса, а покрај Кејт неодамна ја проба и Блејк која исто така изгледаше како својата препознатлива долга руса коса да ја скратила во популарната лоб фризура.
Сигурно се сеќавате и на Емилија Ратајковски кога на црвениот килим се прошета и сите мислеа дека ја скратила нејзината коса, а всушност и таа се послужи со лажниот боб и притоа ги воодушеви сите со својот одличен изглед.
Па, можеби сега е вистинскиот момент да ја пробате и вие оваа фризира?
Бидејќи станува збор за практична фризура која лесно се прави и дава убав дамски изглед сигурни сме дека наскоро ќе ја гледаме и на нашите улици.
Кејт Мидлтон има нова фризура – најголема промена досега >>
Што мислите вие?