Нова хит фризура со која ќе изгледате како Французинка
Французинките ги сакаат messy фризурите, па во последно време се почесто фураат фризура која се прави многу брзо, а изгледаат шик.
Оваа година во мода е banana bun hair, односно лежерна пунџа фризура која што ја носат ИТ девојките од Париз. Разликата од обичната пунџа е во тоа што банана пунџата се носи ниско на вратот и често е асиметрична односно врзана странично. Таа се прави многу едноставно, така што за оваа фризура нема да потрошите повеќе од две или три минути.
Фризура која станува хит во светот >>
Косата само треба да ја повлечете наназад, а потоа нежно да ја замотате во круг. Но како што веќе рековме, тоа треба да го направите лежерно, без притоа премногу да ја затегнете косата бидејќи на тој начин ќе направите sleek пунџа наместо оваа шик „несредена“ фризура. Потоа ставете шноли, а прамените кои ќе испаднат оставете ги слободно да стојат така.
Како да ја спречите појавата на белите влакна и како против опаѓање на косата >>
Премини на следната страна >>