Нова хит фризура која го освои Инстаграм, а сигурни сме дека ќе ве освои и вас!
Не, панкот НЕ е мртов!
Новите популарни фризури кои го освоија Инстаграм како да се создадени за смелите девојки кои сакаат да експериментираат и го сакаат алтернативниот стил бидејќи овие фризури во голема мера се потпираат на панкот! Трендот изгледа подеднакво добро без разлика дали имате кратка, средна или долга коса и само со едно движење можете да го трансформирате вашиот целосен изглед, од бунтовнички, во елегантен, поради што оваа фризура со светлосна брзина стана вистински хит меѓу девојките за ова лето.
И покрај тоа што „undercut out“ веќе некое време е присутен во светот на косата, последниот период доби навистина интересна и ефективна замена.
Косата потстрижена на нула, од една или од двете страни, изгледаа како екстремна варијанта и токму поради тоа не станаа вистински тренд во светот.
Но, овој пат потстрижениот дел се наоѓа на задниот дел од вратот и можете да го носите со високо подигнато коњско опавче, пунџа, или со популарните плетенки, а можете дополнително да го истакнете доколку го исфарбате во некоја боја.
И што е најинтересно кај овие фризури, оној момент кога ќе ја одврзете косата, овој дел ќе остане покриен и ќе добиете сосема поинаков изглед.
А која не го сака тоа?
Премини на следната страна >>