Диети

Sirtfood диета – нова хит-диета меѓу познатите и славните

Реклама
Реклама

План за исхрана

Сега кога знаете на кои намирници би тебало да се базира вашата исхрана, еве го и планот за исхрана што го предлагаат авторите на оваа диета. Таа се состои од две фази.

Маркетинг

Во првата фаза, која вкупно трае една недела, првите три дена треба да се ограничи внесувањето на калории на најмногу 1000 калории дневно, кои ќе ги внесете преку три зелени свежи сокови или смути од намирници богати со сиртуин (кељ, целер, рукола, магдонос, зелен чај, лимон, портокали, јаболка…) и еден оброк на ден, исто така богат со намирници со сиртуин (на пример, стек од мисирка со кељ и леќа, пилешко во сос од куркума и салата од радикио и рукола…). Другите четири дена вкупниот износ на калории се зголемува на 1500, што подразбира конзумирање на два оброци богати со сиртуин и два зелени природни сокови или смути. Во оваа фаза се очекува губење дури на 3 килограми.

Во втората фаза, фаза на одржување, која трае најмалку 14 дена, доаѓа до редовно и трајно губење на тежината. Се јадат три оброци составени од намирници богато со сиртуин и еден зелен смути пијалак богат со сиртуин.

Маркетинг

Со текот на времето, важно е во исхраната да се вклучат што повеќе намирници богати со сиртуин коишто го подобруваат здравјето и му даваат повеќе енергија на телото. А токму тоа е предноста на оваа диета – можете да ја вклопите во вашата нормална исхрана и набргу ќе ги забележите позитивните ефекти врз вашето здравје.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4 5Следна страница
Back to top button