Најпопуларната диета за 2016 година
Во последниве неколку месеци, од низата различни диети што ги следат славните лица, една диета посебно се издвојува по својата популарност и по се поголемиот број на нејзини познати поддржувачи, вклучувајќи ја тука и Адел која на оваа диета и ја должи својата сè потенка и потенка половина.
Sirtfood (sirt-храна) диетата е план на исхрана кој препорачува конзумирање црвено вино и чоколадо. Звучи премногу добро да биде вистина? Доказите засновани на многу успешни приказни потврдуваат дека овој начин на исхрана дава одлични резултати во губењето на вишокот килограми и токму затоа оваа диета ги остави во позадина познатите Палео и Дукан диети и стана апсолутен хит во 2016 година.
Што, всушност, значи „sirtfood“?
Терминот звучи чудно и можеби ве асоцира на некакви скапи готови оброци или пак храна од научно-фантастичните филмови, но „sirtfood“ се всушност намирници богати со сиртуин, вид протеин кој го спречува воспалувањето и изумирањето на клетките во нашето тело. Истражувањата покажаа дека сиртуините го регулираат и забрзуваат метаболизмот, ја зголемуваат ефикасноста на мускулните влакна, го забрзуваат хемискиот процес на искористување на масните наслаги, ги намалуваат воспаленијата и го поттикнуваат обновувањето на оштетените клетки. Накратко, сиртуините нè прават поздрави, потенки и поубави.
Храната богата со сиртуини е револуционерен начин да се активираат нашите гени за слабеење на најдобар можен начин. Тоа се чудесни намирници, особено богати со специфични природни растителни соединенија наречени полифеноли, кои имаат способност да ги покренат односно активираат нашите гени. Во суштина, со активирањето на овие гени доаѓа до состојба на симулација на гладување и вежбање, што предизвикува телото многу поефикасно да го контролира нивото на шеќер во крвта, да ги искористува мастите, да ги гради мускулите и да го поттикнува натамошниот развој на метаболизмот.
Премини на следната страна >>