Наши ѕвезди

Нова голема љубов во животот, ама и нов имиџ – Анета Љумаковска не сте ја виделе во вакво издание

Позираше во лифтот, ги изненади сите со ова издание

Advertisement

Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска ова лето работеше со полна пареа и речиси постојано настапуваше.

Таа неодамна го најави и својот нов бенд, а моментално важи за една од најуспешните во својата бранша.

Advertisement

Покрај бројните настапи на разни настани и свадби, таа секогаш наоѓа време и за социјалните мрежи, каде сега сподели фотографија со која изненади многумина, посебно заради еден детаљ.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, Анета позираше пред огледалото во лифтот, овој пат во тесен фустан со впечатлив леопард дезен.

Advertisement

Но покрај фустанот што го носеше самоуверено и во кој изгледаше женствено и провокативно, пејачката целото издание го зачини со луксузна чанта од омилениот бренд на многу жени.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Станува збор за модел од култниот дизајнерски бренд Луј Витон, кој одлично се вклопи со останатите детали.

Потсетуваме, Анета неодамна ги изненади сите кога сподели фотографија на која е со музичарот Рубин Размо.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Станува збор за нејзин колега од „Молика“, а со кого пејачката сега е во врска и оваа вест беше изненадување за сите.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, веќе некое време се шушкаше дека Анета има нова љубов во животот, но таа досега не сакаше да открива детали.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Но таа сега сврте нова страна во животот, а деновиве ги изненади сите и со емотивната порака што му ја пиша на саканиот.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button