Реклама
Шминка

Нов мат коректор на нашиот пазар кој морате да го пробате!

Реклама

Ако ги прашате жените кои постојано водат грижа за својата убавина да ви ја откријат тајната на нивниот беспекорен изглед, тие ќе ви одговорат дека најдобрите пријатели на девојките не се дијамантите, туку коректорите!

 

Маркетинг

Без разлика дали станува збор за подочници, флеки или ситни брчки, вистинскиот коректор може да направи чуда од вашето лице. Ние го пробаввме новиот коректор Μatt Concealer Extra Coverage од козметичкиот бренд Seventeen и можеме за да ви гарантираме дека е еден од најдобрите кои можат да се најдат на нашиот пазар. Овој коректор одлично ги покрива недостатоците на секој тип на кожа, има прилично достапна цена, и што е најважно – останува на лицето многу долго време. Сите девојки кои го пробаа, а меѓу нив и Алек Потер, една од најпознатите бјути блогерки во Македонија, истакнаа дека овој мат коректор ги покрива подочниците подобро од другите така што ако тие се вашиот главен проблем ова би било одлично решение за вас. Оваа кремаста формула не само што ги корегира недостатоците и ги покрива темните дамки и подочниците, туку исто така ги израмнува ситните брчки и ја храни кожата со витамини, истовремено обезбедувајќи долготрајна максимална покриеност. Содржи зелен чај и екстракти од калинка кои помагаат да се намали појавата на темни кругови и подочници. Вклучува специјална четка со која многу лесно се нанесува на проблематичните делови на лицето. Не содржи парабени, наменет е за сите видови на кожа, дерматолошки е тестиран и е достапен во пет различни нијанси од кои можете да ја изберете вашата.

 

Маркетинг

Кликни тука и избери ја твојата нијанса >>

Зошто да користите коректор?

Коректорот е многу важен елемент во вашата козметичка торбичка, бидејќи може значително да го промени вашиот изглед. Доколку правилно се користи, со коректорот може да се осветли темното лице, можат да се покријат ситните недостатоци, и можеби најважното – да се сокријат подочниците, односно проблематичните делови во пределот на очите, кои знаат да задаваат многу главоболки. Токму и затоа многу експерти користат коректор, а ја прескокаат подлогата. Од друга страна пак, некои жени го избегнуваат, главно затоа што немаат навика да користат коректор или не можат да ја изберат вистинската нијанса или пак правилно да го нанесат. Можеби на почетокот ќе ви изгледа чудно, но многу брзо ќе ја совладате техниката, во што ќе ви помогнат и нашите совети за нанесување, така што по некое време ќе сфатите дека купувањето на коректор всушност претставува една од вашите најдобри инвестиции.

Како да ја изберете вистинската нијанса

Основното правило во изборот е тоа што тој треба да биде за една или две нијанси посветол од вашата кожа. Исто така, треба да внимавате да не користите и премногу светол коректор, посебно во летните месеци кога вашата кожа е исончана и потемна. Се препорачува да набавите нов коректор за летните месеци, соодветен на тенот на кожата.

Како да го нанесете

Коректорот најдобро се нанесува во тенки слоеви еден над друг. Можете да го нанесете така што ќе нанесете повеќе точкички под очите во близина на трепките, или пак во облик на триаголник на целото подрачје под очите. Ставете и по една точка на внатрешниот дел од очите. Можете да го нанесете со врвот на прстите, или пак со специјалната четкичка од новиот коректор на Seventeen со која ќе добиете најдобар резултат.

Кликнете тука или на сликата и порачајте го овој коректор »

Користете го врвот од прстите за да го натапкате коректорот (не да го втриете). Бојата треба добро да се стопи со кожата и да не се познава. Можете да го користите било кој прст, но најдобро е да го користите показалецот. Исто така не заборавајте дека коректорот можете да го користите и на нееднаквите делови од лицето, на брадата, околу носот и усните, притоа водејќи сметка убаво да го натапкате. По потреба може да се додаде и уште еден слој.

Совет

Не користете светол коректор откако ќе потемните од сончање и задолжително користете коректор секогаш кога сакате да изгледате беспрекорно!

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button