Реклама
LIFESTYLEВирално

Нов вирален хит: Наместо со фигаро, оваа девојка ја витка својата коса користејќи РАДИЈАТОР

Реклама

Што да правите кога ќе ви се расипе фигарото или кога ќе заборавите да си го вратите од вашата пријателка, а итно мора да ја средите фризурата? Послужете се со сопствениот радијатор!

ФОТО: wallup.net

Имено, 22-годишната Американка Емили Кендал, се нашла токму во оваа ситуација и дошла до еден мошне иновативен трик. Како што открива таа, нејзината 3-годишна ќерка тргнала да ја допре цевката од радијаторот, а таа веднаш ја предупредила да не го прави тоа зашто е жешка, па тогаш ѝ дошла оваа необична идеја.

Се фрлив на колена и почнав да ја мотам косата околу радијаторската цевка. Ми требаа околу 20-тина минути за да ја извиткам целата коса, а со фигарото вообичаено ми требаат 40-тина минути.

Маркетинг

 

ФОТО: dailymail.co.uk

Притоа додала дека на овој начин штеди и електрична енергија, што е уште една предност, па сигурно ова ќе го повтори и во наредна прилика.

Маркетинг

Сепак, вие самите размислете колку е безбедно да го правите ова, па ако не сте подготвени не се обидувајте сами во својот дом!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button