Вести

Нов удар врз Македонците со бугарски пасоши

Advertisement

Андреј Ковачев бара итно усвојување на измените на Законот за бугарско државјанство, оценувајќи дека сегашните одредби се „нелогични“ и не овозможуваат соодветно легитимирање на бугарската заедница во Република Северна Македонија.

„Сегашниот закон е нелогичен и не функционира. Законот за бугарско државјанство мора многу итно да се промени“, изјави Ковачев на средба со бугарски новинари во Брисел, повикувајќи медиумите тоа да го пренесат до бугарските пратеници и до министерот за правда.

Advertisement

Нацрт-законот што го поддржува Ковачев предвидува дел од личните податоци на лицата кои добиле бугарско државјанство да станат јавни, со цел, како што вели, да биде „очигледно дека тие се идентификувале како етнички Бугари“.

„Јавен регистар во Министерството за правда со ограничен број податоци — името и местото на живеење на лицето кое побарало и добило бугарско државјанство — ќе покаже колку е голема бугарската заедница во Северна Македонија. Според последните податоци, тие се речиси над 170 до 180 илјади лица, а моментално се обработуваат уште 15 до 20 илјади барања“, изјави европратеникот.

Ковачев нагласи дека лицата кои добиле бугарски документи „доброволно се изјасниле како етнички Бугари“, приложувајќи докази за семејно потекло и врска со бугарската историја и култура.

„За да добијат државјанство, тие го докажале своето бугарско потекло и потпишале документ во кој наведуваат дека се чувствуваат како етнички Бугари.

Треба да се воведе церемонија со фотографија за институционално сеќавање пред знамето и грбот како знак на почит и свеченост, а треба да има и транспарентност преку јавен регистар“, порачал бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за лицата кои се стекнале со бугарски пасош и државјанство, со што вели дека ги докажале своите бугарски корени.

Во интервју за „24 часа.бг“, европратеникот кој доаѓа од редовите на владеачката ГЕРБ, говорел за Македонија и нашиот европски пат. Според него, за прв пат, Европската комисија дава конкретни години за завршување на преговорите: за Црна Гора 2026, за Албанија 2027, за Молдавија и Украина 2028.

-И јасно признава дека Македонија, Србија и Босна и Херцеговина заостануваат. Ова значи дека Македонија не успева да постигне напредок ниту во реформите ниту во однос на европската интеграција бидејќи Владата беше зафатена со победата на локалните избори.

(ВМРО)ДПМНЕ убедливо победи, но ризикувајќи ја европската интеграција на своите граѓани со квазинационалистичка кампања против она што самата држава го прифати во преговарачката рамка – вклучувањето на Бугарите во сите делови од Уставот и спроведувањето на договорот со Бугарија, заедно со протоколите, истакнал Ковачев.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button