Нов скандал во Македонија – по Лукас и Џејла откажан новогодишниот настап на уште една ѕвезда?!
Концертот беше распродаден, но иако има уште дваесетина дена до Нова година, не доби работна дозвола?

Нов скандал поврзан со настапите на музичарите од соседството
По скандалот со Аца Лукас, а потоа и со Џејла Рамовиќ на кои им ги прекинаа концертите, а потоа беа и приведени во Македонија, уште еден пејач од соседството мораше да го откаже концертот.
Овој пат станува збор за МС Стојан, кој исто така мораше да го откаже својот настап во главниот град, и тоа за Нова година.

Инстаграм/ МС Стојан
И како што појасни и самиот тој, тој е приморан да го откаже концертот заради тешката ситуација, како и строгите контроли заради кои странските изведувачи не можат да извадат работни визи во нашата земја, пишува тој во својата објава на Инстаграм.
И како што пишува во неговото соопштение објавено на социјалните мрежи, за жал и тој не е изземен од она што во изминатиов период им се случи на неговите колеги Аца Лукас и Џејла Рамовиќ.

Инстаграм/ МС Стојан
„Иако новогодишниот настап беше распродаден, не можев да добијам работна дозвола, поради што нема да можам да настапам како што беше планирано. Искрено им се извинувам на сите што планираа да слават со мене и ви благодарам за вашата огромна поддршка и љубов. Се гледаме наскоро во друг град и во нова пригода – ветувам дека ќе ви надоместам!“, напиша познатиот изведувач во соопштението објавено на неговиот Инстаграм профил.
Тој требаше да настапува во Скопје на 31.12, а овој настан тој и самиот го најави на својот профил на Инстаграм.

Инстаграм/ Џејла
Потсетуваме, по скандалот со Аца Лукас и Џејла Рамовиќ, на уште една пејачка од Србија и беше откажан концертот во Македонија.

Инстаграм/ Наташа Беквалац
Станува збор за Наташа Беквалац која на 27 декември требаше да одржи концерт во Штип, но организаторите преку соопштение открија дека истиот нема да се одржи бидејќи не сакаат да бидат дел од политички наративи и дебати (!), кои не биле во нивен домен.
Пејачката во врска со откажувањето на концертот досега не се огласила, но еден ден подоцна направи „хаос“ на социјалните мрежи.
Повеќе за ова прочитајте тука >>



