Нова верзија на популарната „balayage“ техника што ќе ви се допадне
Бојадисување на косата со ефект на премени, односно сенчење во вид на техника „palm painting“ и „bronzing“, само се некои од трендовите што беа популарни во 2017. Тие беа популаризирани воглавно во професионалните фризерски салони низ светот, а дефинитивно најдобрите техники за фарбање ни доаѓаат од фризерските лаборатории од Лос Анџелес кои секогаш се први со интересни новости. Овој пат Рајан Њуден, сопственикот на познатиот калифорниски салон „Spruce“ и меѓународен едукатор, ја осмисли бојата „cider + spice“ но и техниката која е инспирирана од популарната „balayage“ техника.
Во неговиот салон доаѓаат жени од сите страни на Америка како би се препуштиле на неговите вешти раце и како би добиле „balayage“ во комбинација со светло златни прамени. Cider + spice всушност е комбинација од топла тонови на „balayage“ и свилена цимет нијанса, бакарни и руси прамени, а Рајан ја постигна така што големи делови од косата ги фарбаше со потопли тонови за да подоцна меѓу нив додаде руси седави акценти.
Извор: Elle.rs