Реклама
Парфеми

Нов парфем инспириран од Коко Шанел кој одвај чекаме да го пробаме и ние!

Реклама

Брендот оваа година ја слави Габриел, попозната како Коко Шанел.

Покрај тоа што Карл Лагерфилд дизајнираше во нејзино име уште еден модел на чанта во пролетната колекција на Шанел луксузниот моден бренд објави вест дека ќе лансираат и парфем за есен 2017 кој ќе биде посветен на легендарната Коко Шанел.

Маркетинг

Паралелно со ова Шанел го претстави и 18 –то поглавје од познатата серија приказни за работите кои го одбележале историјата на модната куќа. Како Габриел на жените им донесе слобода со своите креации, инспирирајќи ги да ја променат фризурата и да се чувствуваат подобро и послободно. Жените благодарение на неа открија дека луксузот не мора да биде секогаш впечатлив, туку може да се забележи и во едноставниот мал црн фустан, но и во јакни од сомот. Chanel No5 исто така докажува дека понекогаш и само неколку капки се доволни да изгледате елегантно и да оставите совршен впечаток.

Маркетинг

Презентацијата на парфемот кој е посветен на Коко Шанел стартува со 4-те најавени видеа кои ќе можете да ги погледнете на интернет страната на брендот и кои ќе бидат посветени на бунтовништвото, слободата, страста и привлечноста – вредности со кои живееше и генијалната француска дизајнерка, а останаа и денес како инспирација на жените од целиот свет.

{youtube}l6hSh_J8oZU{/youtube}

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button