Ова е најновиот македонски филм: ја раскажува приказната за убиството не петте момчиња кај Смилковци
Најновиот македонски филм „Кога денот немаше име“ е инспириран од убиствата кај Смилковско Езеро во 2012.
Режисерка е Теона Митевска, која трет пат ќе биде дел од престижниот Берлински филмски фестивал, во програмата Панорама. Продуцентката Лабина Митевска од „Сестри и брат Митевски“ вели дека ова е најзрелиот филм на сестра ѝ Теона.
„Кога денот немаше име“ е работен во копродукција со со „Вертиго“ од Словенија и „Ентре шиен“ од Белгија и во Берлин ќе има вкупно 7 проекции.
Филмот, без поголема медиумска вклученост пред две години се снимаше во Македонија, а се знаеше дека во него играат главно млади момчиња кои беа бирани на кастинг. На страната на филмот сега се открива оти се работи за случајот кога „денот пред Велигден во 2102 беа најдени застрелани четворица тинејџери кои беа на рибарање, крај езеро близу Скопје. Нацијата беше шокирана, во јавноста се ширеа шпекулации“, а авторката вели оти е ова филм за „земја каде што животот може одеднаш да прекине, како и што се живее“.
„Теона инсистираше да работи со натуршчици, иако јас бев против. Главните улоги ги играат шест млади момчиња, кои се новата надеж на македонскиот филм. Дејството ги следи животите на тинјеџерите, 24 часа по трагичниот настан“, вели продуцентката Лабина Митевска.
Покрај младите натуршчици играат и Лабина Митевска, Ана Костовска, Ратка Радмановиќ. Кинематографер е Французинката Ањес Годар, добитничка на Цезар.
Сценариото е на Елма Татарагиќ, филмот е поддржан од Еуримаж, а од Агенцијата за филм ги доби максималните 500 илјади евра. Вкупниот буџет на филмот е околу 1 милион и 100 илјади евра.
На Берлинале во Панорама досега играле „Јас сум од Титов Велес“ во 2008 и „Жената што ги избриша солзите“ во 2012, а со кусиот „Вета“ Митевска во 2001 беше во конкуренција за награда за краток филм.