CelebrityНаши ѕвезди

Нов хит на повидок – Мартинијан овојпат не е скромен, со новата песна руши рекорди поради кои сите останаа без зборови!

Advertisement

Познатиот македонски пејач со потекло од Куманово, Мартинијан Кириловски, изминатиот викенд премиерно ја претстави својата најнова песна „Без да кажеш збор“ на реномираниот фестивал за забавни мелодии Макфест, кој и оваа година собра бројни изведувачи и љубители на домашната музика.

Со своето емотивно и искрено сценско претставување, пејачот уште еднаш ја потврди својата препознатлива музичка енергија и поврзаност со публиката. Само неколку дена по премиерата, песната бележи одличен прием кај слушателите, па веќе на „Јутјуб“ каналот има над 10.000 прегледи, што говори за интересот и љубовта на публиката.

Advertisement

По тој повод, пејачот се огласи на својот официјален Фејсбук-профил, изразувајќи благодарност кон сите што ја поддржуваат неговата работа.

– Над 10.000 прегледи на YouTube за ‘Без да кажеш збор’! Денес сме на бројка што значи многу! Благодарен сум за секој преглед, секој лајк и секоја ваша порака и поддршка! Вашата поддршка ме мотивира да создавам уште погласно – дури и без да кажете збор, ја чувствувам целата ваша љубов!

Со оваа песна, пејачот продолжува да го гради својот уметнички пат и да внесува свежина на македонската естрада, комбинирајќи современ звук со искрени емоции. „Без да кажеш збор“ ветува да стане уште еден негов хит што ќе се слуша долго време по фестивалот.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button