Скопје, 17Октомври 2014–Lotus Design Store ja продолжува промоцијата на македонските дизајн брендови со презентација на колекцијата на урбани светилки City Lights креирани од дизајнерката Ели Аин.
Дизајнираните светилки ќе може да се видат во сабота (18 Октомври) во од 12 до 18 часот во рамките наконцептуалната продавницаLotus Design Store (Скопје Сити Мол, втор кат до Bo Bowling). Истовремено, брендот Lotus Lounge Chairна дизајнерката Анита Гај, која воедно е и основач на Lotus Design Store, ќе го прослави својот шести роденден.
“City Lightsе логички продолжеток на еден проект од 2010 година насловен како Двојно Кодирање кој настана како резултат на едно урбано естетско истражување и беше изложен за прв пат во Чифте Амам како магистарски труд. Примарната цел на истражувањето беше дијалогот помеѓу архитектурата и скулптурата”, вели Ели Аин за својата колекција на светилки.
Светилките City Lights имаат неправилна паралелопипедна форма и симболизираат урбани објекти кои преку својата неправилност и изместени позиции во различни правци и внатрешно осветлување се стремат да го освојат ентериерот со својата динамичност. Изработени се од транспарентен плексиглас на кој се наоѓаат црно- бели дигитални принтови а целата конструкција е поставена на под на носечка табла со тркалца или ногалки. Ели Аин, која дипломира и магистрира на Факултетот за Ликовна уметност во Скопје, со својот City Lights бренд е дваесет и првиот дизајнер кој се приклучува на концептуалната продавница Lotus Design Store.
Паралелно со промоцијата на овој бренд, во Lotus Design Store ќе биде прославен и роденденот на Lotus Lounge Chair–успешен македонски бренд за флексибилни и мултифункционални производи за седење и лежење.“Во изминативе шест години од постоењето на Лотус, континуирано го потврдуваме квалитетот и согласно тоа, успешно опстојуваме на пазарот. Чест ми е да кажам дека соработувамеи сме поддржале со веќе докажани настани, како што се Fashion Weekend Скопје, Скопски Маратон со Горска Вода; фестивалот за документарен филм MakeDox; Bosh – фестивал за мултимедиална уметност, Buskerfest, Здраво Млади, Пиволенд, различни проекти на UNDP, Skopje Design Week, Kids Fest и многу други. Се гордеам со фактот дека Лотус спонзорираше и по 12 културни настани годишно”, вели дизајнерката на Lotus Lounge Chair, Анита Гај.
Овие настани се дел одпериодот на претставување на македонските брендовиво Lotus Design Store во текот на престојниве месеци. Следната помоција ќе се одржи веднаш по одржувањето на Fashion Weekend Skopjeкога во продавницата ќе бидат изложени колекциите од учеснииците на фестивалот на модата.