Станува збор за бендот со име “The Protagonist”, кој штотуку го издаде новиот сингл и видео “Atom From The Sun”.
Според кажувањата на членовите на бендот, овој сингл е само водев во она што треба да излезе како целина во почетокот на наредната година, односно нивниот албум кој ќе го носи името “No Exit Museum”.
Бендот го сочинуваат Рашид Салији (вокал), Кузман Маркоски (гитара) и Едмонд Амзаи (клавијатури). Иако станува збор за ново име на нашата сцена, членовите се етаблирани музичари кои имаат соработувано со бројни имиња од нашата сцена, како и надвор од неа. Па така, користејќи ги сопствените конекции, мастерингот и продукцијата за нивниот албум ја изработи познатиот англиски sound engineer Simon Heywоrth, познат по соработките со светски имиња од музиката како Nick Cavе, George Harrison, Brian Eno, Ennio Moricone, Simple Minds како и Depeche Mode.
Што се однесува до излегувањето на самиот албум, The Protagonist се во преговори со неколку издавачки куќи, околу тоа чие име ќе стои како издавач на LP-то, како и за настапи во живо кои ќе следат после неговата официјална промоција.
Звукот на The Protagonist е комбинација од електро синт поп и елементи на рок енд рол и оставаат впечаток на бенд со интелигентен и нежен (смут) звук, лесно прифатлив за поширокиот аудиториум (барем судејќи според песната).
Ние сега ќе ви го презентираме синглот “Atom From The Sun” и се надеваме дека ќе уживате во него и потоа со задоволство ќе го очекувате излегувањето на целиот албум.
{youtube}7C0Hhc9x0vQ{/youtube}