Нострадамус ја предвиде судбината на папата? Морничаво предвидување исплива по веста за неговата критична состојба
Пророштвото на Нострадамус доби ново значење откако Ватикан објави дека актуелниот папа е во „критична“ состојба, иако подоцна објави дека папата имал „мирна ноќ.“ Еве што предвидува астрологот од 16 век.

Застрашувачко предвидување од астрологот од 16-тиот век, Нострадамус, е повторно во центарот на вниманието откако Ватикан објави дека папата Франциск е во критична состојба.
Мишел де Нотрдам, познат како Нострадамус, наводно ја предвидел судбината на папата во цитат од неговата книга Les Propheties, објавена во 1555 година.
Тој предвидел дека папата Франциск, актуелниот поглавар на Католичката црква, би можел да добие заменик.
Во пророштва напишани пред речиси 500 години, Нострадамус предупредил за „смртта на многу стар понтиф.“
Тој напишал: „Преку смртта на многу стар понтиф… ќе биде избран Римјанин во добра возраст. За него ќе се каже дека ја ослабува Светата Столица… но долго ќе седи на неа и ќе биде остар во своите дела.“, пишува Дејли меил.
Овие пророштва долго време биле предмет на различни толкувања, при што многумина сметаат дека не треба да се сфаќаат премногу буквално.
Сепак, тие добија ново значење откако Ватикан објави дека актуелниот папа е во „критична“ состојба, иако подоцна имал „мирна ноќ.“
Во меѓувреме папата од својата болничка постела испрати порака, благодарејќи им на верниците за нивните молитви и добри желби.
Друго пророштво пак, припишано на ирскиот светец Малахиј од 12-тиот век, францускиот пророк го поврзувал со „крајот“.
Тој напишал: „На последната Столица на Светата Римска Црква, ќе седи Петар Римјанинот, кој ќе ги пасе своите овци низ многу неволји, и кога овие нешта ќе завршат, градот на седумте рида ќе биде уништен, а страшниот судија ќе го суди својот народ. Крај.“
Некои веруваат дека ова пророштво на Нострадамус се однесува на замената на папата, и дека ќе биде избран можеби таков што ќе го носи името Петар, а со него би можел да се означи крајот на светот.
Потсетуваме, актуелниот папа поминал мирна ноќ по респираторна криза и трансфузии на крв, соопшти Ватикан денес.
Папата беше примен во болницата Џемели во Рим на 14 февруари, откако неколку дена имал проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирана пневмонија.
Во саботата, додека се лекувал од пневмонија и сложена белодробна инфекција, доживеал пролонгирана астматична респираторна криза. Тестовите покажале дека папата има ниско ниво на тромбоцити, кои прават згрутчување на крвта, соопшти Ватикан.
Во саботното соопштение исто така се наведува дека понтифот „го поминал денот во фотелја, иако со повеќе болки отколку претходниот ден“.
🇵🇭 Pope Francis’ Health Crisis: A Peaceful Night Amid Respiratory Struggles #mostliked #philipphines https://t.co/RW8JfzGHvK
— Imminent Global News (@imminent_news) February 23, 2025
Лекарите изјавија дека состојбата на папата Франциск е неизвесна, имајќи ја предвид неговата возраст, кревкоста и претходните белодробни заболувања. Главната закана со која се соочува е можноста инфекцијата да навлезе во крвотокот, што би довело до сериозна состојба позната како сепса.
Франциск, кој има хронична белодробна болест и е склон кон бронхитис во зимските месеци, беше примен во болница откако состојбата му била влошена.
Што предвидува Нострадамус за 2025
Други предвидувања од Нострадамус за 2025 година сугерираат дека Англија ќе биде зафатена од „сурови војни“, кои ќе избувнат и ќе создадат „непријатели одвнатре и однадвор“.
„Голема чума од минатото ќе се врати, нема да има посмртоносен непријател под небесата“, додал тој.
Нострадамус предвидува дека годинава ќе донесе „намалување на влијанието на западните земји“ и „појава на нови светски сили“, додека долг конфликт ќе заврши со војници „исцрпени“ од исцрпувачка војна.
Нострадамус прорекол дека продолжената војна низ 2024 година, слична на тековниот конфликт во Украина, ќе заврши во 2025 година, кога армиите ќе бидат исцрпени.
„Преку долга војна, целата армија ќе биде исцрпена, така што нема да најдат пари за војниците“, напишал тој.
Мистикот верувал дека 2025 година ќе донесе судири меѓу европските сили и Англија, што ќе ја опустоши земјата и ќе создаде нови „непријатели“.
Тој исто така предупредил на претстојна „чума од минатото“.
Нострадамус очекувал 2025 година да донесе пионерски достигнувања во медицината.
Во позагрижувачко предвидување, тој сугерирал дека оваа година „огнен топка од космосот“ ќе ја уништи Земјата.
„Од космосот, огнена топка ќе се издигне, предвесник на судбината, светот ќе моли. Наука и судбина во космички танц, за судбината на Земјата – вторa шансa.“
Потсетуваме, гламур.мк на почетокот на оваа година пишуваше за пророштвата на Нострадамус и Баба Ванѓа за 2025.
Францускиот астролог и лекар од 16 век Нострадамус напишал дека човештвото би можело да стапи во контакт со вонземјани веќе во 2025 година, а европските земји би можеле да започнат некаков конфликт со Англија.
Нострадамус, исто така, напишал дека 2025 година ќе донесе револуционерен напредок во медицината, но и дека светот повторно ќе се соочи со некаков вирус или опасна болест – „Големата чума од минатото се враќа, нема поубиствен непријател под небото“.
Баба Ванѓа, пак, предвидувала дека Европа ќе ја потресе „деструктивна војна“, а целиот свет ќе биде зафатен од земјотреси – особено на западниот брег на САД.
Како и Нострадамус, таа исто така предвидувала за 2025 година дека научниците ќе направат откритија во медицината, особено на полето на ин витро -трансплатација на органи. Таа оди и чекор понатаму што вели дека „телепатијата ќе почнува да станува реалност“ и тоа токму од оваа година. Целиот текст на предвидувања може да го прочитате – ТУКА.