Реклама
BEAUTYДиети

Нордиска диета: Ги отстранува килограмите и го заздравува целиот организам

Реклама

Ако ви здосадија диетите базирани на медитеранско мени, можеби не е лошо да преминете на нешто поспецифично – нордиска исхрана.

Оваа диета е популарна, а веќе неколку истражувања потврдија дека овој начин на исхрана е одличен за отстранување на вишокот килограми, како и за подобрување на општото здравје. Нордиското мени го регулира крвниот притисок, го намалува штетниот холестерол, а големо влијание има и на решавање на проблеми при разни воспалувања. Во оваа диета се дозволени речиси сите видови овошје и зеленчук, а посебен акцент е ставен на боровниците и останатите бобинки, јаболките, крушите и сливите, а од зеленчук се препорачува цвекло, моркови, праз, тиква, компир и лук. Многу е важно да се јадат и ореви во количина од една дланка дневно.

Маркетинг

Нордиската диета се базира на секојдневен внес на риба и морски плодови, а месо се препорачува да се јаде еднаш неделно. Исто така се препорачува и консумирање млеко и јајца, но не повеќе од три пати неделно. Брзата храна, соковите и сите видови преработена храна се забранети.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button