Ноќевање за две лица во овој спа центар чини помалку од 50 евра: И ќе излезете од лековитите води чувствувајќи се преродени

Сместена на благите падини на планината Јастребац, Рибарска Бања е вистински бисер на природата и здравјето, и лекува сè, од ревматизам до деформација на ‘рбетот. Ноќевање за две лица во овој спа центар чини околу 2.500 денари.
На надморска височина од околу 540 метри, ова место ја комбинира убавината на недопрената планинска природа со богата историја и модерни велнес објекти.
Бањскиот центар е горд на своите шест термални извори со сулфурна минерална вода, чија температура достигнува до 41°C, додека чистиот планински воздух дополнително придонесува за чувството на релаксација и обнова. Со векови, ова место привлекува посетители – од Римјаните и благородничките династии до денешните туристи во потрага по одмор, здравје и душевен мир.
Комбинација од традиција и модерно
Денес, Рибарска Бања ги комбинира традицијата и модерноста. Во реновираната турска бања од 16 век, посетителите можат да уживаат во базени со термална вода, амам, сауни, солена соба, пештера, џакузи, соби за масажа и модерен фитнес центар. Посебна атракција е „бисерната бања“, некогаш резервирана за благородништвото, која додава допир на историска елеганција на секоја посета.
За оние кои уживаат во активниот одмор, Рибарска бања нуди прошетки низ шумските патеки на Јастребац, чист планински воздух и спортско-рекреативни објекти, вклучувајќи аква парк, тениски и одбојкарски терени, како и области за деца.
Лековити својства на бањата
Рибарска бања има шест извори на минерална сулфурна вода, кои се класифицирани како слабо алкални хомеотермни и солени води. Изворите се наоѓаат во подножјето на планината Самар, а најжешкиот има температура од 41,5 °C. Другите извори имаат температури од 25 до 38,7 °C. Сите извори имаат просечен принос од 170 литри во минута.




