Ноќ на ужас во Кочани – ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА: Пожар во дискотека однесе десетици млади животи, има бројни повредени
Според првичните информации, постои стравување дека бројот на загинати е над 30, а 60-на се хоспитализирани во штипската, кочанската болница, како и во болници во Скопје.

Во катастрофален пожар што избувна ноќеска околу 3 часот по полноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, настрадаа десетици млади луѓе, а бројот на жртви и повредени сè уште се утврдува.
Според првичните информации, постои стравување за десетици загинати. Десетици се хоспитализирани во штипската, кочанската болница и на клиниките во Скопје.
Пожарникарски екипи од Кочани и околните градови, како и итните медицински служби, веднаш пристигнале на местото за да ги спасат преживеаните. очевидци опишуваат сцени на ужас, паника, луѓе кои бегале од пламенот и возила што ги транспортирале повредените до болниците.
На местото на несреќата веќе пристигна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и директорот на бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Се очекува и пристигнувањето на премиерот христијан мицкоски.
Истрагата е во тек, а целата земја е во шок по оваа невидена трагедија.